Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Истражители влегоа во домот на Ксенија Собчак

/

пред 1439 дена

Сподели преку :

Руските истражители влегоа во домот на Ксенија Собчак, гламурозната ќерка на некогашниот шеф на рускиот претседател Владимир Путин, Анатолијх Собчак, потег што ја потресе политичката сцена во земјата.

Инспекторите соопштија дека претресот во нејзиниот луксузен дом бил дел од истрагата за наводното незаконско постапување на Кирил Суханов, директор на медиумскиот холдинг на Собчак, кој беше уапсен под обвинениеза изнуда.

Собчак во вторникот ги отфрли обвиненијата против Суханов, а неговото апсење го опиша како дел од напорите на властите да ги задушат независните медиуми.

Според дел од руските медиуми истражителите се сомневаат дека Ксенија Собчак е вмешана во шемата за изнуда и дека била издадена потерница за нејзино апсење.

Собчак е 40-годишна ТВ ѕвезда, која често беше критички настроена кон Путин, но многу руски опозиционери ја обвинија дека служи на агендата на Кремљ.

Во 2018 година, таа стана либерален предизвикувач на претседателските избори во Русија, завршувајќи на далечното четврто место со околу 1,7 отсто од гласовите во она што нејзините критичари го опишаа како обид на Кремљ да додаде демократска обвивка на огромниот реизбор на Путин.