Советот на јавни обвинители не избра ниту еден од шесте пријавени кандидати за Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на денешната 67 седница, информира дека биле пријавени шест кандидати и тоа:
– Милица Гаврилова, од ОЈО ГОКК Скопје, која е оценета позитивно со 23 поени;
– Арсен Адеми од ОЈО Гостивар, позитивно оценет со 25 поени;
– Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, позитивно оценета со 19,3 поени;
– Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, позитивно оценета со 24 поени;
– Верица Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје, позитивно оценета со 25 поени; и
– Златко Биковски, од ОЈО Берово позитивно оценет со 25 поени.
Јолевски посочи дека очекувал повеќе пријавени, со оглед дека за четири позиции пристигнале само шест кандидати – Гаврилова, Адеми, Коневска, Јосифовска, Крстевска и Биковски при гласањето не го добија потребното мнозинство и не беа избрани за јавни обвинители.
На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање на Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје.











