Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затворањето на дневни центри ги зароби децата со посебни потреби во нивните домови

/

пред 2204 дена

Сподели преку :

Маргарита Милошеска од Гостивар е самохран родител, мајка на 16-годишната Мартина, кој има церебрална парализа. Пандемијата со коронавирусот дополнително им го отежна животот. Стрес во нивниот дом внесе затворањето на Дневните центри за деца со посебни потреби. Маргарита е принудена постојано да биде покрај својата ќерка, што и го отежнува извршувањето на секојдневните обврски, додека, пак, Мартина тешко поднесува периодот во кој не може да се социјализира.

Психолозите потврдуваат дека последиците од коронакризата за децата со попреченост се големи. Изолацијата и менувањето на навиките негативно влијае врз нив.

Милошеска вели дека иако беа затворени Дневните центри сепак можело да се организираат активности на отворено, во кои децата ќе се социјализираат и ќе добијат стручна помош.

За сега од ресорното Министерство нема никакви најави кога би биле отворени Дневните центри за деца со посебни потреби.

Данијела Билбилоска