Предлогот на Владата за задолжително пензионирање на 62 години за жените и на 64 за мажите не важи за приватнот сектор. Министерката за труд и социјала Шахпаска објаснува дека на овој закон се уште се работи и ќе се дебатира. Министерката објави дека во Собранието веќе го поднела и предлог законот за спречување на дискриминација со кој се избира и нова Комисија. Текстот на законот е ист со претходниот што го укина Уставниот суд заради грешка во собраниската процедура.











