Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски во Благоевград оди за поддршка на Македонците во Бугарија – ја обвини власта дека пропушта шанса да демонстрира политичко единство

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

Недопустливо е во срцето на Пиринска Македонија да биде отворен клуб кој ќе сее сепаратизам и антибугарски тези, реагира бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во писмото до Владата на Бугарија.

Оваа негова реакција се однесува за отвoрањето на македонскиот приватен клуб Никола Вапцаров в недела во Благоевград.

Европратеникот познат  по кревањето на десната рака во знак на нацистички поздрав во Европскиот Парламент реагира и на присуството на првиот македонски опозиционер, Христијан Мицкоски, за кој вели дека е познат по антибугарски манифестации.

На ова денеска Мицкоски му возврати дека нема антибугарско расположение и оди за да даде поддршка на Македонците во Бугарија.

Што се однесува за тоа што премерот Ковачевски нема да оди, а пак претседателот Пендаровски изјави дека не бил поканет, Мицкоски со став дека не верува во тоа што го кажуваат. Според него ова било можност да покажат политичко единство, но какошто вели одлучиле да служат на туѓи интереси.

Викторија Јованова