Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановска: Оваа година се поднесени 384 прекршочни налози за неподнесени анкетни листови

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

Оваа година Антикорупциската комисија поднела 384 прекршочни платни налози за неподнесени имотни анкетни листови. Минатата година спровела посебна акција и открила дека 710 функционери не ја исполниле оваа своја обврска, поради што ќе одговараат прекршочно.

Ова е дел од одговорот на претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска на пратеничкото прашање поврзано со непријавениот имот. Ивановска потенцира дека сè уште го чекаат новиот софтвер, со кој автоматски ќе се евидентираат промените во имотот на над 5.000 функционери.