Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработените во пошти денеска очекуваат исплата на септемвриската плата

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

Вработените во „Пошти“ денеска чекаат исполнување на ветеното од надлежните односно септемвриската плата да легне на нивните трансакциски сметки.

Договорот за ова постигнаа синдикалните претставници на средбата со Министерот за транспорт и врски и директорот на АД Пошти.

Според договореното доколку и денеска нема пари за вработените тие утре излегуваат на протест пред Владата.

Меѓу другите точки претставниците на двете страни договорија да нема намалување на плати и бркања од работа, прогласување технолошки вишок, неплатен одмор, а Пошти да се заложи и да изнајде решение како ќе функционира во наредниот период и на кој начин ќе бидат обезбедени потребните средства за непречено работење.