Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

На 78-годишна возраст во Виена почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија.

Роден е во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк.

Во своите истражувања особено се занимаваше со долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари.

Глигоров беше постојан соработник на „Oксфорд аналитика“, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal“ и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа.