Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи контра Пендаровски – бара забрзување на уставните измени

/

пред 1437 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи и претседателот на државата со сосема различни ставови за уставните измени. Пендаровски побара да не се брза, но Османи напротив, бара забрзување.

На прашањето, како ќе го соберат двотретинското мнозинство за уставни измени, шефот на дипломатијата одговори дека, стратегијата е првин граѓаните да се убедат во придобивките од процесот, а потоа тоа да стигне и до пратениците. Побара да се направи општествен договор, не само со партиите, туку и со цивилното општество, академската заедница и медиумите, дека 2030 ќе биде годината кога Македонија ќе влезе во ЕУ.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, деновиве повторно ја советуваше владата да делува плански и да не се брза со уставни измени за вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот. Смета дека, во овој процес е суштински да не се оди со главата напред без да се мисли каде евентуално може да се удри.

Денеска и хрватската амбасадорка, Нивес Тигањ, по средбата со гостиварскиот градоначалник од искуство порача дека, е многу важно и неопходно да се постигне внатрешен политички консензус околу уставните измени како дел од преговарачкиот процес.

Далиборка Демјанска Цветановска