Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 153-ца загинати во Сеул, луѓе се обидуваат да им помогнат на жртвите кои не може да земат воздух

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Бројот на жртвите во Сеул се искачи на 153. Уште 19 луѓе се во сериозна состојба во болница каде лекарите се борат да ги спасат. Околу 90 проценти од жртвите се идентификувани по корејските лични карти кои се издаваат за сите жители над 17-годишна возраст.

Останатите починати во стампедото кое се случи во сеулскиот кварт за забава Итаевон се или странци, или Корејци помлади од 17 години. Меѓу настраданите досега се потврдени и жртви од Иран, Норвешка, Узбекистан и Кина.

На социјалните мрежи се објавени повеќе видеа од местото на стампедото каде загинаа десетици млади луѓе собрани на забавата за Ноќ на вештерките. Стампедото се случи кога посетителите се затрчале во мала и тесна уличка во квартот Итаевон и потоа не можеле да излезат од масата луѓе.

Ве предупредуваме дека снимките се вознемирувачки.

На видеата се гледа бизарна атмосфера, додека во квартот ечи музика и во другите делови забавата продолжува, стотици спасувачи од противпожарната, медицинската и полициската служба даваат помош на повредените со масирање на срцето за да земат воздух.

За време на стампедото, полицијата интервенирала во друг дел на квартот Итаевон каде имало масовна тепачка која завршила со 76 повредени.

Последната забава за Halloween (Денот на вештерките) во Кореја и во Сеул се одржале во 2019-та година, а потоа поради короната не беа дозволени. Вчерашната трагична забава беше прва после три години поради што имаше и огромен број на посетители.

На некои од снимките се гледа и како луѓето сами се обидуваат да ги спасат пријателите кои се онесвестени, додека полицајците од група на набиени луѓе се обидуваат да ги извлечат и евакуираат најтешко повредените.