Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спортинг Лисабон ќе преговара со Кристијано Роналдо

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Станува се поизвесно дека на половина од сезоната Кристијано Роналдо ќе се замине од Манчестер Јунајтед, а како најсериозен кандидат за негово ангажирање се споменува неговиот поранешен клуб Спортинг Лисабон.

Според англиските медиуми клучен човек за продолжение на кариерата на Португалецот е неговиот менаџер Жорж Мендеш кој инсистира неговиот клиент да си замине од Олд Трафорд уште во јануари, а се потенцира дека е негов предлогот тој да се врати во татковината.

Триесет и седум годишниот Кристијано Роналдо во јуни следната година има статус на слободен играч, а со оглед на фактот дека и Манчестер Јунајтед сака да ја прекине соработката, тој во јануари ќе ја смени средината без обештетување.

Неофицијално Јунајтед во почетните разговори Манчестер Јунајтед е подготвен до завршувањето на договорот да покрие половина од платата на Роналдо кој изнесува 500.000 фунти неделно.

ФОТО: Игор Паневски