Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десетици загинати во уривање на мост во Индија

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Најмалку 68 лица загинаа при уривање на пешачки мост во Индија. Според локалните медиуми, во моментот на уривањето на мостот имало околу 400 лица, а спасувачите успеале да спасат 80 луѓе од водите на реката Мачу.

Несреќата се случила само неколку денови по повторното отварање на мостот, кој бил затворен поради реконструкција. 230 метри долгиот мост, изграден во 19 век за време на британската управа на земјата, е популарна туристичка дестинација во земјата.

Сѐ уште не е позната причината за уривањето на мостот, но локалните власти сметаат дека имало премногу луѓе поради празникот Дивали.

Потрагата по исчезнатите во реката Мачу продолжува.