Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжи триумфалната низа на Оже Алиасим

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Канаѓанецот, Феликс Оже Алиасим триумфираше на АТП турнирот во Базел и по трет пат во низа успеа да освои трофеј.

Оже Алиасим во решавачкиот дуел за титулата во два сета со 6:3 и 7:5 славеше над 25. тенисер на светот Холгер Руне и по триумфот во Фиренца и Атверпен, тој со 13-тата победа во низа за вкупно четврти трофеј во кариерата.

Победата во Базел на Канаѓанецот му донесе и парична награда од 400.000 евра.

А на АТП турнирот во Виена, победа на Данил Медведев кој во финалето во меч што траеше 2 часа и 20 минути со 2:1 ви сетови го совлада Денис Шаповалов.