Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФФМ казнета со 10.000 евра за исвиркување на бугарската химна

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Десет илјади евра за исвиркување на химната на Бугарија и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот е казната која УЕФА ја изрече за македонската Фудбалска федерација за настаните на натпреварот Македонија – Бугарија што се одигра на 26 септември во Скопје.

ФФМ ќе треба да плати вкупно 14.500 евра за сѐ она што се случуваше на фудбалскиот натпревар на националната арена „Тодор Проески“. Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски, кој доби црвен картон на тој натпревар, ќе мора да паузира еден меч.