Повикувајќи се на прелиминарен извештај за октомври 2022-ра, пресметан е нов рекорд на инфлацијата во однос на истиот месец лани.
За првпат, инфлацијата надминува 10 проценти, односно изнесува 10,7 %, што е зголемување за 0,8% од септемвриското ниво на инфлација (9,9%).
Станува збор за нов рекорд во висината на инфлацијата откога е формирана еврозоната со единствена ЕУ валута, еврото. Прелиминарните податоци ги објави Статистичката канцеларија на ЕУ, денеска на последниот ден од октомври.











