Најмалку 14 луѓе се повредени, меѓу кои и три деца, во масовна пукотница во Чикаго за време на Ноќта на вештерките. Полицијата на Чикаго потврди дека меѓу повредените се и три деца на возраст од 3, 11 и 13 години, пренесува „Фокс њуз“.
Дел од поврените се наоѓаат во критична состојба.
Началникот на полицијата на Чикаго, Дејвид Браун рече оти на снимките на безбедносните камери се гледа најмалку еден автомобил и дека две лица отвориле оган врз група на луѓе кои стоеле на раскрсница.
Засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот е нејасен.











