Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општините не се откажуваат од формирање на фирми за менаџирање со јавното осветлување

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

И покрај владината одлука за забрана, дел од општините не се откажуваат од постапката за формирање јавни претпријатија или друштва за производство, трговија и менаџирање со јавното осветлување. Основањето и нивното функционирање им е овозможено согласно постоечките закони, а со тоа локалните самоуправи ќе заштедат, со рестрикции и пониски цени за електричната енергија, велат градоначалниците

Првиот човек на Тетово, Биљал Касами информираше дека денеска поднеле барање до Централниот регистер за основање на трговско друштво „Електро Тетово“ ДООЕЛ и вели дека ќе ги искористат сите законски можности за истото да профункционира.

Со Законот за локална самоуправа општините имаат право да формираат јавни претпријатија. Исто така пред месец два Регулаторната комисија, која е законски надлежна во делот на енергетиката, има донесено регулатива и го информира ЗЕЛС дека општините можат да формираат јавни претпријатија, друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва за производство, трговија и менаџирање со јавното осветлување. Значи Владата не може да донесе една одлука која ќе биде противзаконска. Ние како Општина Тетово денеска пуштивме до Централен регистер за да се регистрира претпријатије, а ако не одбијат ќе ги следиме сите законски процедури да одиме до крај, вели Касами.

Општина Аеродром, пак, веќе формираше јавно претпријатие кое го менаџира уличното осветлување. Според градоначалник Тимчо Муцунски, само во првиот месец од неговото функционирање имале заштеда од повеќе од два милиона денари. Тој вели дека правниот основ за основање на такви претпријатие се наоѓа во три закони – Законот за локална самоуправа, Законот за јавните претпријатија и Законот за енергетика.

Врз основа на тие три закони ние имаме основано такво јавно претпријатије, кое потоа е регистрирано до Централниот регистер и потоа има склучено договор со ЕВН и врз основа на тоа се врши наплата за потрошена електрична енергија. Мене ми е апсолуто нејасно како со владина одлука може да се дерогираат три закони, тоа веќе влегува во сферата на и на противуставното постапување и истовремено како Владата ќе се однесува на веќе регистрираните јавни претпријатија коишто извршуваат своја дејност и имаат склучени договори со ЕВН, вели Муцунски.

Инаку според премиерот Димитар Ковачевски одлуката е донесена со цел да се спречат злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија.

Данијела Билбилоска