Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасовски не бил запознаен за набавката на софтверот за мерење просечна брзина на возила и изрекување казни

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

И МВР и Генералниот секретаријат правеле анализи за подобрување на сообраќајот. Ова прозилегува од сведочењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и изјавата на обвинетиот екс генерален секретар Драги Рашковски по рочиштето за предметот „Софтвери“. Министерот рече дека од тогашниот премиер Зоран Заев добил мандатно писмо за да направат анализа за подобрување на сообраќајот и за надградба на системот „Безбеден град“.

Правевме анализи за начинот за надградба на системот „Безбеден град“, кој егзистира. Надградбата да биде и во делот на сообраќајот. Една од опциите е да се набави нов софтвер, втората опција е да се изврши надградба на системот, сведочеше Спасовски.

Дали постоела можност софтверот кој го тестирал Рашковски да биде набавен, или пак не би можел да биде искористен, министерот не сакаше да коментира.

Спасовски во судница беше дециден само МВР може да мери брзина и да казнува. Рашковски вели нема дилема за тоа. Тој со софтверот аналогизирал, а потоа планирал на владата да ѝ ја достави анализата за да може врз основа на резултатите да задолжи или не некое министерство да го користи софтерот.

Набавката е анализата која треба да покаже каде се слабите точки и кои се најчестите причини за предизвикување на сообраќајните несреќи. Кога ќе дојде нашиот ред за презентирање, ќе видите кои се анализи ги прави софтверот и ќе видите кои се анализи ќе допринесат, допринеле и ќе дадат импут за да се развива безбедноста во државата, рече Рашковски.

Рашковски е задволен од изјавата на Спасовски. Вели министерот потврдил дека како секретаријат имаат право да прават анализи за потребите на владата и со тоа ја разбиле тезата на обвинителството дека софтверот се набавувал за МВР.

Спасовски рече дека не знаел ниту за набавката на софтверот за биометриска идентификација. Објасни дека нававките на генералниот секретаријат не поминуваат на седница на Влада туку се прават врз основа на план за набавка и одобрени средства.

Елена Ивановска Мукоска