Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мазнев: Затварањето на здружението нема да предизвика проблеми со функционирањето на клубот

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Организацијата која што го отвори македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград била во ликвидација, затоа што неговите цели биле спротивни на бугарскиот устав. Процесот бил започнат од бугарското обвинителство, кратко по нејзиното основање во 2019 година, а првостепената пресуда за затварање била донесена во 2020 година. По тврдењата во бугарските медиуми дека клубот воопшто не смеел да се отвори, затоа што бил отворен од страна на нелегитимна организација, Атанас Мазнев, еден од основачите на Организацијата за индивидуални и човекови права, тврди дека клубот „Никола Вапцаров“ ќе продолжи да функционира, затоа што нема никаква врска со организацијата.

Клубот е основан од Македонци од Пиринска Македонија, а здружението е на нашата група овде од Благоевград, и нема врска, и не може да има проблеми со функционирањето на клубот, ни изјави мазнев..

Претходно, градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов коментираше дека македонскиот клуб е нелегитимен бидејќи не е во согласност со Законот за организации на територијата на Бугарија и додаде дека тој повеќе е канцеларија во која се собираат луѓе на приватна основа. Мазнев вели дека во суштина, неговата констатација е точна.

Тие сакаа тој да им ја заврши валканата работа, да нѐ забрани, да ни попречи, но човекот застана на вистинската страна на законот и го објави тоа што е вистина, вели мазнев.

Мазнев најави дека тие веќе започнале процедура за формирање на ново здружение во Благоевград.