Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За ЕУ Лукашенко не е легитимен претседател на Белорусија

/

пред 2203 дена

Сподели преку :

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел оцени дека ситуацијата во Белорусија продолжува да се влошува поради репресијата на власта врз мирните демонстранти.

Народот на Белорусија има право слободно да го избере својот претседател без прогонства или репресии, рече Борел.

Пред состанокот на Советот на ЕУ во Брисел тој најави дека шефовите на дипломатиите на ЕУ 27 ќе разгледаат како да го поддржат народот во Белорусија и како да ги продолжат односите со белоруските власти, имајќи предвид дека ЕУ не го прифаќа Лукашенко за легитимен претседател.

Ќе поддржиме инклузивен национален дијалог и правото на народот во Белорусија на слободни и фер избори, рече Борел.

Тој додаде тоа не е мешање на ЕУ во внатрешните работи на Белорусија и нагласи дека демократијата и човековите права се основа на идентитетот на ЕУ.

Пред состанокот во Брисел, министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа и со опозициската кандидатка за претседател на Белорусија Светлана Тихановскаја.