Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Донесени законите за здруженија и за партии

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Со 67 гласа ЗА и без гласови против, Собранието го донесе Законот за организации и здруженија. Со него, се забранува користење на имиња на лица и симболи поврзани со фашизмот или се насочени против други народи и  вери во имињата, статутите и другите акти. Ист број пратеници гласаа и за менување на Законот за политички партии, кој на ист начин ќе ги застапува антифашистичките и демократските вредности.

Постојните организации и партии имаат рок од три месеци да направат измени согласно овие закони, во спротивно ќе бидат избришани од Централниот регистар. Овие законски измени беа инспирирани од отварањето два бугарски клуба со имињата на Ванчо Михалјов и Цар Борис Трети, кои важат за контроверзни ликови поврзани со фашистички ставови и активности во Македонија.