Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мануел Ноер: Имав три операции поради рак на кожата на лицето

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Голманот на Баерн Минхен и на германската фудбалска репрезентација, Мануел Ноер, кој моментно е надвор од терените, за „Билд“ откри дека се подложил на три операции поради рак на кожата на лицето.

Додаде дека претходно не сакал да зборува за тоа, бидејќи, како што рече, во прашање е многу лична историја на болеста.

Ноер одлучи да лансира козметички производ во рамки на фирмата „Њуки“ што ја дели со германската тенисерка, Анџелик Кербер која, исто така, има проблем со кожни болести.

„Во мојот случај, стануваше збор за рак на кожата на лицето, поради што направи три операции. Бидејќи најголем дел од времето тренираме и играме на отворено, но и слободното време го минуваме во природа, од голема важност е да имаме адекватна заштита на лицето“, порача Ноер.