Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Државата планира да потроши рекордни 5,3 милијарди евра во 2023 година

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Државата во наредната година планира да потроши рекордни 5,3 милијарди евра, но и да собере 4,5 милијарди евра за околу 700 милиони евра повеќе од оваа година 2022 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на 700 милиони евра.

Парите што се планираат да се слеат во државната каса се потпираат на новата даночна реформа што треба да стапи во сила од 1 јануари, меѓутоа да се подобри и наплатата на даноците, односно да се намали процентот на сивата економија.

Ќе нема зголемување на даночните стапки, ќе нема нови даноци, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими на прес-конференција попладнево на која изнесе детали за предлог Буџетот за 20223 година кој беше усвоен на денешната 98-ма седница на владата.

Даночната реформа, според него, ќе се базира врз основа на проширување на даночната база. На прашање на Телма за воведување на прогресивниот данок, министерот Бесими не можеше да одговори дали ќе се воведува, бидејќи, како што кажа, јавните расправи и консултации сè уште траат.