Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Томислав Георгиев победник на глобалниот фото конкурс организиран од Министерството за надворешни работи на Холандија

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Фотографот Томислав Георгиев ја освои главната награда на глобалниот фото конкурс организиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија насловен „Вода=Живот“.

На конкурсот учествуваа над 140 фотографи од целиот свет, а жирито составено од професионални фотографи, фото репортери и експерти за вода од холандското МНР ја одбраа фотографијата на г. Георгиев која прикажува човек кој ги чисти тревите и ѓубрето од реката Црн Дрим во Струга.

Во изјавата со која го објави победникот, Натали Ојлслагер, програмска директорка на Конференцијата за вода на ООН 2023 истакна: „Победникот не само што ни помага да ги разбереме предизвиците во врска со водата со кои сме соочени, туку и нѐ охрабрува да преземеме нешто во врска со тоа.“

Со фото конкурсот „Вода=Живот“ Холандија сака да го обедини светот на една од многуте теми поврзани со водата, стремејќи се да најде заедничко решение за глобалните предизвици.

На оваа страница може да најдете и повеќе информации во врска со самиот конкурс: ‘Water = Life’ photo competition winner | NL Platform