Српското министерство за одбрана објави дека собориле комерцијален дрон кој летал во правец на касарната во Рашка.
Единиците на војската на Србија во попладневните часови, по навременото октривање и следењето, наутрализираа комерцијален дрон, кој летал во правец од Копаоник кон Рашка. Дронот е соборен со примена на електронско попречување, во непосредна близина на касарната во Рашка, соопштија од министерството.
Од таму додаваат дека според наредбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, ќе бидат соборени сите летала кои ќе влезат во областите каде што е забрането летање и ви близина на воените објекти.











