Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претрес во домот на Никола Николовски осомничен за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

По извршениот службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом на Н.Н., кој вчера беше приведен поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје, соопштува МВР.

Од неговиот дом одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата, а по распитот тој бил пуштен дома.

По десетчасовен распит, осомничениот е пуштен на слобода. Неговите приврзаници од конзервативниот блок оценија дека станува збор за одмазда со апсење и намерна грешка на МВР поради неспособност.

Министерството за внатрешни работи по завршија антитерористичките проверки во врска со вчерашните пријави дека девет училишта на територија на Скопје на електронските адреси добиле порака со закана за поставена бомба и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Кој е уапсениот за заканите со бомби во скопските гимназии- млад конзервативец чии соработници тврдат дека е невин