Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

30 луѓе украдоа мртовец од струмичката болница

/

пред 2203 дена

Сподели преку :

Утрово се случила вистинска драма во струмичката општа болница. Група струмичани украле мртовец од инфективна амбуланта.

Настанот се случил за кусо време откако човекот бил примен во амбулантата во тешка состојба. утрото околу 9 часот ќерката и сопругата на починатиот го донеле 49 годишен маж со отежнато дишење.

Според директорот на болницата, Наќе Гогов, човекот за кусо време починал. Само неколку минути подоцна, вработените биле сведоци на несекојдневна случка.

Дваесетина луѓе го изнеле мртовецот со болничкиот кревет и го однеле со сопствено комби, но подоцна во вратиле креветот во болницата.

Сузана Мицева