Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Најмалку еден загинат, осуммина повредени во нападот во кој е повреден поранешниот пакистански премиер 

/

пред 1431 дена

Сподели преку :

Најмалку еден маж е убиен, а осуммина се повредени во вооружен напад за време на  протестниот марш во Пакистан. Во нападот најмалку два куршуми го погодиле во ногата 80-годишниот Имран Кан, поранешен пакистански премиер.

Кан, кој го предводел протестот со барање за предвремени избори е во стабилна здравствена состојба. Неговиот советник вели дека нападот бил обид за атентат врз поранешниот премиер.

Според пакистанската телевизија Гео, приведено е едно лице, кое засега не е именувано. Актуелниот премиер Шехбаз Шариф го осуди нападот и нареди итна истрага, пренесува Би-Би-Си.

Пакистан има долга историја на смртоносно политичко насилство.

Во најпознатиот случај, поранешната премиерка Беназир Буто беше убиена на јавен митинг во 2007 година.