Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За скопското парно ќе се вежба со дизел, како алтернатива на гас

/

пред 1431 дена

Сподели преку :

За 12 дена скопското парно ќе се добива од горење на нафта-дизел. Надлежните уверуваат дека тоа ќе биде само тестирање и ќе трае само десет дена со почеток од 15-ти ноември.

Во тој период ќе се тестираат 10 пумпи. Ова ќе биде првпат топлификација да користи дизел, досега како алтернатива на гас се планираше користење на мазут.

Според надлежните, тоа мора еднаш да се направи како период на тестирање за да се види како би изгледала можноста парното да добива топлинска енергија од овој енергенс, доколку нема природен гас или истиот е скап.

Префрлувањето од гас на дизел ќе биде не подолго од 24 часа, но тој ден граѓаните ќе добиваат  топлинска енергија, со промена од една на друга топлана односно со „пресвичување“ на изворот на топлинската енергија, при што најголем дел од енергијата ќе се добива од ТЕ-ТО.