Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хуморот како критика на стварноста на изложбата на Дритон Селмани во МСУ што се отвора вечерва

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

Хуморот е клучен пристап во делата на уметникот од Косово, Дритон Селмани, чија изложба „ Лаењето на облаците не ги повредува куќињата“, вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Музејот на современа уметност во Скопје.

Селмани се претставува со текстуални дела, објекти и видео , во кои низ специфична форма на хумор го истражува и преиспита секојдневието, поврзано со апсурдни традиции и хиерархиски структури. Делата се фокусираат на различни прашања од нашата несигурна стварност, почнувајќи од популарната култура, до доминантните дискурси на моќта.
– Така, се обидувам да ја пренесам оваа состојба на умот во уметнички дела, кои несвесно содржат хумор, како критика на она што веруваме дека е дефинитивно“, вели Селмани за пристапот кон неговите дела.

Тие се конструирани како имагинарен дијалог на уметникот со публиката, но и со самиот себе, како серија куси изјави или реторички прашања, отворајќи нови перспективи за нашето разбирање на себството, за заедничкото и за различните аспекти на современиот живот. Насловот на изложбата „ Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“, покажува како Селмани користи неочекувани спротивставувања и иронија – извртување на берберска изрека, со референца на стих на едно од неговите омилени поетски дела, „Туѓинецот“, од Шарл Бодлер. 

Куратори на изложбата се: Владимир Јанчевски, Ива Димовски и Благоја Варошанец.

Селмани е еден од тројцата наградени автори на ланското Меѓународно биенале на млади уметници, што му обезбеди реализација на самостојна изложба во МСУ. Таа за јавноста ќе биде отворена до 25 февруари 2023 година.

.