Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Закани за бомби во четири средни училишта преку „Никола Карев“

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

Денеска нова закана за поставени бомби е испратена на електронската адреса на средното училиште „Никола Карев“. Но, за разлика од заканите во изминатите денови кои беа праќани поединечно на меиловите на училиштата, во пораката до „Карев“, е наведено дека бомби се поставени уште во три средни училишта, меѓу кои се „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека веднаш по добиените пријави од полициските службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се работи на расчистување на случајот.

Од минатата среда кога почнаа заканите за поставени бомби, кои до сега се покажаа како лажни, ова е петти ден по ред средните училишта  да добиваат закани.