Македонија е една од трите земји заедно со Словенија и Црна Гора кои се домаќини на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција.
Натпреварите на континенталниот шампионат во Скопје ќе се играат во арената Борис Трајковски која во пресрет на големиот настан блесна во полн сјај.
Во нашата најголема арена своите натпревари ќе ги игра репрезентацијата на Македонија, а македонската престолнина ќе биде домаќин на една група од главната рунда на првенството.
ФОТО: Игор Паневски


















