Денеска на хиподромот во Маџари на теренот на Коњичкиот клуб Илинден се одржа завршните натпревари во прескокнување на пречки од Отвореното првенство на Македонија.
За жал одѕивот на учесниците не беше голем, но сепак љубителите на коњичкиот спорт може да уживаат во настапите на натпреварувачите.
На програмата беа шестото коло-финале во пет натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти со височина на пречките 1–1,2 метри и широчина 1,4 метри.
ФОТО: Игор Паневски






















