Фотографии и измислени интервјуа на кардиологот Кедев се шират на социјалните мрежи со измислени препораки за користење препарати за лицата кои имаат срцеви заболувања.
Според него имало и случаи кога негови пациенти веќе набавиле од препаратите што може да е на штета на нивното здравје.
Тој случајот го пријавил пред неколку месеци во МВР, од каде за Телма велат дека се преземени мерки за целосно расчистување на случајот во координација се со обвинителството, но конкретно до каде е постапката и повеќе детали најавија за в понеделник.











