Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Животот во Украина без струја и греење: Јадат во темница, се греат на оган запален сред соба

/

пред 1429 дена

Сподели преку :

Декоративните свеќи што Јарослав Ведмин ги купил пред повеќе од една година никогаш не требало да се запалат, но исушениот восок што сега се лепи за нив сведочи дека тие се користат, бидејќи семејството кое живее во предградие на Киев и по 12 часа во домот нема струја како последица на континуираните напади од страна на Русија врз енергетската инфраструктура на земјата.

Седнати на маса за вечера со неговата сопруга, двајцата не можат да добројат колку пати јаделе во мрак.

Досега Русија уништила околу 40% од енергетската инфраструктура на Украина. Во Киев околу 80% од потрошувачката во тримилионскиот град предходната недела остана без вода поради оштетување на енергетскиот објект.

Непредвидливите прекини на струја се зголемуваат додека владата се обидува да ја стабилизира енергетската мрежа и да го поправи системот пред зимата. Но ова што најмногу ги згрижува се месеците што следат кога температурите би можеле да паднат под 20 степени Целзиусови.

Семејството нарача генератор, кој треба да биде инсталиран до декември, но побарувачката е зголемена и не секој може да си дозволи да купи еден или гориво за негово работење.

Русија веројатно ќе ја продолжи војната престојната зима, надевајќи се дека ќе ја ослабне западната поддршка на Украина и ќе ја „замрзне Европа за да ја натера да се предаде“, се вели во извештајот на Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон.

Александар Петрески