Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата обвинува за фијаско на непочната училишна година

/

пред 2203 дена

Сподели преку :

Одбивањето на нивните два амандмани, е причината зошто пратениците од ВМРО ДПМНЕ се воздржани за измените на законите за основно и средно образование.Тие предлагаат да се обезбедат компјутери за секое дете или барем за тие со посебни потреби и да се направи скрининг за ковид-19 на сите наставници и професори пред почетокот на учебната година.  Обвинија дека парламентарното мнозинство нема слух за барањата и интересите на децата, на родителите, ниту на вработените.

Опозициската Алијанса остро ги нападна законите. Обвинија дека со нив Владата ќе добие можност да спроведе тотална централизација во образованието.

Министерката за образование и наука посочи дека учењето од далечина нема да се случува само во вонредни околности.

Законските измени го регулираат почетокот, крајот  и времетраењето на училишната година, која би можела да биде пократка и за три месеци. Се прецизира и начинот на кој ќе с еодвива наставата и се даваат одврзани раце, владата со уредба со законска сила да ги регулира сите овие прашања.

Далиборка Демјанска Цветановска