Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се одржи ли денеска најавената лидерска средба?

/

пред 1428 дена

Сподели преку :

За денеска напладне останува отворена поканата за претседателите на политичките партии кои имаат свои претставници во законодавниот дом да се појават на лидерска средба. Темата според најавите ќе биде европерспективата на Македонија без притоа да биде прецизиран дневниот ред. До сега потврда за присуство има од албанската опозициска партија Алијанса за Албанците која меѓу другото очекува да биде прифатено нејзинито барање за јазикот односно формулацијата 20 проценти да биде заменета до Албански јазик. Исто барање имаше и Беса но од партијата соопштија дека лодерот Касами денеска ќе одлучи дали ќе земе учество.

Христијан Мицкоски пак дециден ќе учествува на лидерската и подготвен е да даде поддршка на земјава на патот кон ЕУ но вели дека за тоа неопходни се гаранции дека ова ќе биде последното барање на Бугарија и последната кочница на нашиот евроинтеградивен пат. Од Левица пак велат дека рекоа дека нема за што да се договараат и дека нема да учествуваат на денешната средба во Собрание.