Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките совладани од Холандија, скапо платени грешките во нападот

/

пред 1427 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација го доживеа и вториот пораз на Европското првенство.

Овој пат Македонија е совладана од Холандија со 30:15. Нашите ракометарки скапо ги платија грешките во нападот и буквално секоја загубена топка противничките ја казнуваа со лесен погодок.

За разлика од претходниот дуел со Франција, нашите репрезентативки постигнаа еден погодок повеќе и не го повторија неславниот рекорд.

Најефикасна во нашиот тим со три гола беше Сара Ристовска, a по два пати прецизни беа Моника Јанеска, Јована Кипријановска, Јована Саздовска и Леонида Гичевска.

Во последниот натпревар од првата фаза на шампионатот Македонија в среда ќе се соочи со Романија.

ФОТО: Игор Паневски