Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пропадна и денешниот обид за отпочнување на судењето за модуларната болница во Тетово- Следното рочиште е закажано за седми декември

/

пред 1426 дена

Сподели преку :

Пропадна и денешниот обид за за отпочнување на судењето за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Адвкатот на докторот Бобан Вучески не беше присутен затоа што имал друго рочиште, јавува репортерката на Телма, Данијела Билбилоска.

Судијата Јордан Велковски му рече на обвинетиот Бобан Вучески дека ако на следното рочиште не дојде неговиот адвокат, тој ќе се одржи главната расправа без него.

Авокатите на обвинетите двајца поранешни директори на Клиничката болница во Тетово, Артан Етени и Флорин Бесими побараа увид во целосната документација.

Следното рочиште е закажано за седми декември.

Основното јавно обвинителство Тетово во јули годинава до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово кој се случи вечерта на 8 септември минатата година, и во кој живото го загубија 14 лица меѓу кои 12 пациенти и две лица кои во моментот на несреќата биле придружба.

Ново рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово- доколку и денеска не дојдат заедно со својата одбрана, судот ќе им определи адвокати по службена должност на обвинетите