Тешката состојба во енергетскиот сектор во Украина главна тема на средбата со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и заменик-амбасадорот, Роман Буга со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Како последица на воените дејствија произлезени од конфликтот со Русија, што доведе до тоа 1 милион жители на Киев да живеат без струја и вода, во крајно тешки услови.
- АД ЕСМ ќе вложи напори да им помогне на граѓаните на Украина, искажувајќи грижа не само за нашите граѓани во границите на Р. Северна Македонија, туку и за сите луѓе кои се соочуваат со предизвици и на кои може да им се помогне, соопштуваат од компанијата.
Покрај за производството на електрична енергија, од украинската амбасада беше побарана помош и за преносниот систем за електрична енергија, за што ќе треба да помогнат другите субјекти во електро-енергетскиот систем.











