Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Русите нападнаа над 50 населени места, ние возвраќаме и постепено напредуваме

/

пред 1427 дена

Сподели преку :

Руските сили нападнаа повеќе од 50 населени места во Украина, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Во редовното обраќање до нацијата, тој истакна дека руските војници продолжуваат со нападите на различни области во земјата, меѓутоа и дека Украина возвраќа и напредува.

„Одговараме насекаде. Ги имаме потребните резултати, а соборен е уште еден руски авион. Украинскиот воздушен простор, секако, не е целосно безбеден, но напредуваме“, рече Зеленски.

Украина, како што потврди и самиот, добила нови системи кои значително ќе ја засилат противвоздушната одбрана.

Зеленски додаде дека украинските сили на фронтот се ставени во состојба на „активна одбрана“ и дека во некои делови на истокот и југот на земјата „постепено го потиснуваат непријателот“.