Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовските опозициски партии го обвинија Курти дека го загубил компасот

/

пред 1426 дена

Сподели преку :

Албин Курти нема визија и не знае каде се движи – вака го оценија денешниот состанок косовските опозициски партии со премиерот Курти. Тој уште синоќа им испрати покана да разговараат за актуеланата состојба на северот од земјата, откако Србите ги напуштија сите институции на северот од Косово. По само пет минути од почетокот на средбата, излезе Рамуш Харадинај, од Алијанса за иднината на Косово. Харадинај не сакал да е дел од состанокот, бидејќи Курти одбил да одговори зошто ги прекинува односите со САД, и затоа што не го прифатил барањето на Вашингтон да го одложи рокот за пререгистрација на возилата. Незадоволството од состанокот го напиша на фејсбук.

Иако бев дел од средбата со премиерот Курти, бев принуден да ја напуштам средбата бидејќи Курти држеше предавање и не ни објасни зошто ги прекинал односите со Америка и зошто не се исполнува нивното барање. За мене е неприфатливо во вакви чувствителни случаи да ги раскинуваме односите со главниот безбедносен сојузник“, рече лидерот на Алијансата за иднината на Косово.

И останатите присутни излегоа незадоволни. Сметаат дека ситуацијата во која се наоѓа Косово можела да се избегне. Го обвинија Курти за незрели акции и не му ја простуваат некоординираноста со странските сојузници.

Не разбравме нешто ново и не видовме некој конкретен план за решавање на состојбата на северот предизвикана од институционалниот, судски и правен вакуум. Не видовме никаква визија за целосна координација со нашите меѓународни сојузници. Ние, како партија сметаме дека блиската координација со Американскиот Стејт Департмент, со американските безбедносни институции, со сојузниците во Вашингтон и Брисел е единственото адекватно решение за ситуацијата на Косово, изјави Љумир Абдиџику, од Демократски сојуз на Косово.

Но, Курти излезе задоволен од средбата. Рече дека состанокот бил конструктивен, и негираше дека го загубил компасот.

Не е точно дека не знаеме по кој пат одиме, нашиот пат е патот на законитоста, на уставноста, на човековите и малцинските слободи и права, тоа е патот на мирот и безбедноста што се прави во согласност со нашиот мандат, со волјата на народот и координација со нашите пријатели, сојузници и западни партнери, изјави косовскиот премиер Курти. 

ЕУ и САД претходно побараа од Курти да ја одложи пререгистрацијата на возилата со ознаката РКС. Наместо тоа, премиерот излезе со план од три фази, кој почна од 1-ви ноември, а ќе заврши во април. За опозицијата ова се технички прашања и бараат од владата да се фокусира на конечниот сеопфатен договор со Србија што ќе донесе меѓусебно признавање.

Алиса Шутиноска