Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Половина од граѓаните живеат на праг на сиромаштија, потрошувачката кошница поскапува платите ги изеде инфлацијата

/

пред 1426 дена

Сподели преку :

Како да се преживее од први до први е прашањето кое се почесто се поставува меѓу граѓаните во Македонија, кои се соочени со секојдневни бранови на зголемувања на цените на продуктите поради инфлацијата, но и на сметките кои ги плаќаат. На четиричлено семејство со двајца вработени со минимална плата приходите се 36 илјади а минималната потошувачка кошничка, според ССМ, за месец октомври е 51.500 денари. Дури и еден од приходите да е просечна плата, која според Статистика е 31.800 денари, повторно во ова семејство ќе има кусок од речиси две илјади денари.

Според ССМ се поголем број на граѓани во државата живеат на прагот на сиромаштијата или во сиромаштија и имаат помалку од 100 денари дневно.

Иван Пешевски, претседател на Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање

А ако се погледне минималната кошничка по ставки може да се види дека неколку ставки како облека и обвуки или здравствени услуги се нерални и се далеку повисоки. Во кошничката исто така нема ставка за кредит, нешто што огромен број на граѓани во државата го имаат на товар секој месец. Само за илустрација, минималната кошничка минатиот октомври тежеше 34 илјади денари.

Иван Пешевски, претседател на Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање

Пешевски предупредува дека доколку не се превземат итни мерки, оиселувањето на младите но и работоспособното население ќе се зголеми уште повеќе.

Од Синдикатот информираат дека се во очекување на одлуката на Судот по поднесената тужба за зголемување на платите 18,4 отсто и не ја исклучуваат можноста од нови протести и генерален штрајк.

Огнен Чанчаревиќ