Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Нема вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ, Јанушев се повлече од функцијата Генерален Секретар

/

пред 2203 дена

Сподели преку :

На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес, но ваквиот предлог бил одбиен.

Мицкоски речедека пред членовите на ЦК се осврнал на целокупното раководење со партијата од сите аспекти и била отворена дискусија.

Притоа, тој предложил вонреден конгрес поради барањата на поранешни членови и функционери за промена на раководството поради лошите изборни резултати, но тоа барање било одбиено од највисокото тело меѓу два конгреси – ЦК.

Изрбани се новите членови на Извршниот Комитет, а генералниот секретар Игор Јанушев од лични причини си поднел оставка, по што како што рече Мицкоски ќе се избере нов генерален секретар, претседател на унија на жени и на ветерани.