Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди италијанскиот брег од Јадранскот Море.
Земјотресот е регистриран во 7:07 часот, а епицентар е во морето во близина на градот Пезаро.
Засега нема информации за било каква штета на згради или жртви и повредени.
Локалните медиуми јавија дека некои згради во областа на истокот на земјата, вклучително и болница, се евакуирани како мерка на претпазливост.
Железничкиот сообраќај беше во прекин во близина на Анкона.
#Sisma nelle #Marche, #calcinacci per strada e danni in un supermercato ad #Ancona#terremoto pic.twitter.com/eedkpk1Z0k
— AGTW (@AGTW_it) November 9, 2022











