Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Законот за здруженија оди на оценка во Венецијанската комисија?

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Бугарија притиска – Македонија попушта. Сѐ поизвесно е дека новиот закон за здруженија оди на оценка во Венецијанската комисија. Македонската страна тактизира, откако Бугарија виде провокација во документот, а лидерот на ГЕРБ Борисов побара одложување на неговата примена сѐ до официјалното мислење на комисијата. И додека се чека официјална владина одлука, Министерството за правда се правда: „Причините за испраќање на законот се превентивни.“ Велат, мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено, а исходот можеби ќе оди во наш прилог.

„Дипломатска егзибиција на шефот на дипломатијата“, вака опозицијата одговори на намерите за испраќање на законот за здруженија до Венецијанската комисија.

Тое е оној истиот Бујар Османи кој ја нападна истата Венецијанска комисија кога стануваше збор за Законот за јазици, сега Венецијанската ја наоѓа како алиби за да удоволи на нашиот источен сосед, и тој е истиот оној Османи кој контуниурано работи спротивно на интересите на македонскиот народ, и на државата, и го заплетка процесот со своите егзибиции на меѓународна политика, затоа што тој дипломатијата ја сфаќа да се удоволуваат интересите на сите, а да се загрозуваат на македонскиот народ, обвини Мицкоски.

Власта и опозицијата, на две дијаметрално спротивни страни и на тема уставни измени. И по лидерската, не мрднаа ниту милиметар од своите првичните позиции. Обидот за уставни измени е дефокусирање на јавноста, бидејќи јасно е дека нема двотретинско мнозинство, а уште појасно дека не е времето на Преспа, порача Мицкоски, и по кој знае кој пат излезот го посочи во брзи предвремени парламентарни избори.

Дали тие ќе го применат методот на Преспа, па за уши ќе носат претеници, дали ќе се обидат со неконвенционални методи, со поткуп, закани, уцени, не знам, и не сакам да верувам, но имајќи го предвид карактерот на овие луѓе, сѐ е можно. Дали ќе успеат да убедат некој од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на овој начин, исто така сум убеден дека нема да успеат. Не е ова времето на Преспа, кога луѓе се затвораат во притвор, па се уценуваа, па во пет за дванаесет се носеа за уши да гласаат. Политиката за насилна промена на Устав и на Преамбулата пропаѓа, тврди мицкоски.

Процесот на уставните измени да се гледа низ призмата на ЕУ, втората стратешка цел на Македонија – наместо конкретен одговор, во дипломатски стил, собранискиот спикер Џафери потенцираше дека измените не се работа на мнозинство, бидејќи за политичките субјекти не е проблем вметнувањето на други заедници во Уставот.

Весна Јовановска Дојчиновска