Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија ЃП во полуфиналето, прекин на Чаир

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Познати се полуфиналистите во Фудбалскиот куп на Македонија. Бранителот на трофејот Македонија ЃП натпреварувањето го продолжува откако на домашен терен со 1:0 ја совлада Академија Пандев, а стрелец на единствениот гол беше Самаке во 73-тата минута.

Струга ТЛ пред своите навивачи ја елиминираше Брегалница. Двата гола за домашниот тим беа дело на Малиќи во втората и Бунјамин Ѓабани во 58-та минута.

Силекс и Вардар по 90 минути играа без голови, а победникот го решаваа ударите од 11 метри каде поуспешни беа Кратовци.

Најмалку фудбал се играше на Чаир. Натпреварот беше прекинат во 10-тата минута откако Шкендија со голот на Дашмир Елези поведе со 1:0 по што следуваше упад во теренот на домашните навивачи по што средбата беше прекината.

ФОТО: Игор Паневски