Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судењето против браќата Усеини одложено за 26 октомври

/

пред 2202 дена

Сподели преку :

Првото рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд Охрид се води против браќата Усеини е одложено за 26 октомври.

Причина за одложувањето е влошената здравствена состојба на Ибраим Усеини, брат на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини.

Судот информираше дека Ибраим Усеини имал проблеми со покачен крвен притисок, таа што денеска бил префрлен во кардиолошката клиника во Охрид.

Пред Судскиот совет не се појави ниту Спиро Топалоски оштетениот и главен сведок во судењето, со образложение дека неговата сопруга вработена во детска градинка не можела да отсуствува од работно место така што немало кој да се грижи за децата.

Судијата Клишески најави дека доколку Топалоски не се појави во судница на следната покана, стражарно ќе биде приведен и донесен пред Судот.

Судскиот процес против браќата Усеини се води поради сомневање дека се сторители на кривично дело „насилство“ извршено врз Топалоски.

Нивната одбрана рече дека тежината на кривичното дело треба да се рангира според последиците настанати во самиот настан.