Во последниот натпревар од првиот круг на Европското првенство во женска конкуренција што се одржува во Скопје, Франција ја совлада Холандија со 26:24 и максимален учинок по три кола се пласираше во Главната рунда.
Покрај Франција и Холандија, место во следната фаза обезбеди и Романија, а од петок во Скопје се приклучуваат и селекциите на Црна Гора, Германија и Шпанија.
ФОТО: Игор Паневски


























