Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден: Секое место кое ќе го загуби мојата партија е голема загуба

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден го одржа своето прво обраќање пред нацијата на ден по изборите коментирајќи ги притоа првичните резултати на Демократската партија за која рече дека поминала подобро од очекуваното.

Според него секое место што ќе го изгуби неговата партија е голема загуба.

Американскиот претедател посочи дека е подготвен да работи со републиканците но нагласи и дека и тие треба да се подготват да соработат со него… Најави дека ќе стави вето на напорите да се воведе федерална забрана за абортус и ќе се спротивстави на даночните олеснувања за богатите.

Рече и дека има намера да ги покани демократските и републиканските лидери во Белата куќа за да разговараат за идните приоритети но откако ќе се врати од своето патување во Азија.